Листата на достапни учебници од денес се зголеми за дополнителни 127 учебници, објавувајќи ги достапните учебници за III, IV, V, VI, VII и VIII одделение.
Новости
Добредојдовте на порталот за електронски учебници, проект на Министерството за информатичко општество.
Порталот претставува дигитална библиотека за чување, пребарување и разгледување на електронски учебници наменети пред сe за помлади посетители, ученици во основно и средно образование, но и за нивните наставници и родители. Со користење на современи технологии за дигитално публикување создадовме можност за бесплатно и исклучително пријатно искуство за читање на дигитални публикации и превземање на книги во било кое време и од било каде. Користењето на ресурсите на овој портал ќе им помогне на учениците во совладување на наставните содржини на еден иновативен и интересен начин, а на наставниците во подготовка и презентирање на наставниот материјал со помош на информатичките технологии.
Во иднина овој портал, прв од овој вид, ќе прерасне во основен ресурс за пристап до огромен број електронски учебници од едно централно место.
Ви посакуваме пријатна и успешна работа.

